Во Скопје се играше најголемото ракометно дерби не само во Македонија туку и пошироко. Ретко каде има таква атмосфера и набој како кога играат Вардар и Пелистер. Она што требаше да биде уживање се претвори во хаос, а единствен виновник е полицијата на Оливер Спасовски.
Иако неколку дена пред мечот навивачите од Битола најавуваа доаѓање во Скопје со неколку автобуси, полицијата се однесуваше како да доаѓа некаков детски хор или група пензионери дојдени на туристичка прошетка во главниот град.
Како почнаа нередите
Во салата беше мирно цели 12 минуту кога доаѓањето на гостите од Битола своето доаѓање го најавија со петарди. Прво прашање, дали и Чкембарите се проверуваа на влезот како и останатите гледачи?
Второ прашање: Kaко Интервентната полиција дозволи навивачите од Битола да седат (стојат) само неколку метри до „обичните“ навивачи? Меѓу нив имаше само кордон од неколку полицајци па тие можеа народски кажано и да се плукаат. За запалки и шишиња да не правиме муабет, цело време летаа од двете страни.
Трето: Откако настана инцидентот и луѓето почнаа да излегуваат надвор полицијата не контролираше кој се враќа повторно во салата. Кој гарантира дека некои од навивачите нема од паркот од спротива да земат камења и шишиња и да почнат да ги гаѓаат гостите од Битола. Тогаш ќе бевме сведоци на раскрварени глави. И, кој ќе беше виновен?
За неспособноста на полицијата говори и инцидентот по завршувањето на мечот кога салата се испразни но и тогаш „Чкембарите се поткачија со „Интервентната“.
Можеме само да замислиме што се случувало кога ги „товареле“ во автобусите на пат кон дома и како изгледал патот до Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.