Македонската женска ракометна репрезентација загуби попладнево од Турција со 27:34 (16:19) во првиот натпревар на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран.

Најефикасна во македонските редови беше Јована Кипријановска со шест погодоци. Гол помалку постигна Ивана Џатевска, додека Теодора Дукоска и Борјана Коцева натпреварот го завршија со по четири голови.

Втор противник на македонските ракометарки на Медитеранските игри ќе биде Србија, а натпреварот е закажан за утре со почеток во 13:15 по македонско време.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.