Машката репрезентација на Македонија славеше против Чешка со 27-25 и обезбеди место на Мундијалот во Полска и Шведска што ќе се игра слендата година.

Нашата селекција ќе биде во вториот шешир пред ждрепката, а тоа носи можност за убав успех на осмото учество на СП.

Викендов финишираа европските квалификации, па ќе остане да се одиграат уште првенството на Северна Америка и Кариби од 26 јуни до 1 јули во Мексико и првенството на Африка од 11 до 18 јули во Египет.

Ждрепката е закажана на 2 јули.

шешир 1: Данска, Шведска, Норвешка, Франција, Шпанија, Исланд, Германија, Африка 1

шешир 2: Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора, Полска, Македонија

шешир 3: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Чиле, Африка 3

шешир 4: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Јужна Кореја, Северна Америка и Кариби 1, вајлд карта 1, вајлд карта 2

Домаќините на СП, Полска и Шведска, веќе распределија дел од репрезентациите што имаат обезбедено мундијалски билет по градовите домаќини. Шпанија и Норвешка ќе играат во Краков, додека Полска во Катовице. Шведска ќе игра во Гетеборг, додека Данска во Малме. Исланд е домаќин во Јончепинг, Германија во Катовице, додека Хрватска ќе игра во Кристијанштад.

Мундијалот во Полска и Шведска ќе се игра од 11 до 29 јануари.

група А (Краков) – Шпанија
група Б (Катовице) – Полска, Франција/Африка 1
група Ц (Гетеборг) – Шведска
група Д (Јончепинг) – Исланд
група Е (Катовице) – Германија
група Ф (Краков) – Норвешка
група Г (Кристијанштад) – Хрватска, Франција/Африка 1
група Х (Малме) – Данска

Извор: Ракомет 24



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.