Ракометната репрезентација на Македонија одново ја израдува нацијата и ја оствари зацртаната цел по лошиот настап на последното Европско првенство. Нашите избраници пред себе имаа две пречки за пласман на следниот Мундијал, но немаа проблеми против Романија и Чешка и по осми пат ќе играат на едно Светско првенство.

Во пресрет на бараж двомечот, Ракометната федерација на Македонија реши да ѝ даде дополнителен поттик на репрезентацијата. Имено, со успехот и пласманот на собирот во Шведска и Полска, репрезентативците и стручниот штаб ќе поделат премија од 50.000 евра.

„За одредување на парична награда за македонската сениорска машка ракометна репрезентација за пласман на Светското првенство 2023 година во Полска и Шведска, федерацијара одлучи да додели награда во висина од 50.000 евра нето износ“, пред двомечот со Чешка известија од федерацијата.

По ремито во Злин, на реванш средбата во Скопје македонскиот состав одигра на ниво и со победата од 27-25 заслужено патува во друштво на најдобрите во светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.