Продолжуваат проблемите со кои се соочува селекторот на Франција, Гијом Жил, во пресрет на Европското првенство. Континенталниот шампионат ќе го пропушти Лука Карабатиќ.

Франција, од почетокот на подготовките има големи проблеми, неколку играчи се заразени со коронавирусот, а поради повреда од списокот на Жил отпадна десниот бек, Недим Ремили. На неговото место е повикан соиграчот на Кире Лазаров од Нант, Тео Монар.

Франција на ЕП се наоѓа во група со Србија, Хрватска и Украина.

И селекторот на Хрватската ракометна репрезентација Хрвоје Хорват го објави конечниот список на ракометари за претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка.

Големо изненадување е тоа што некогашниот играч на Вардар Игор Карачиќ не се најде на списокот, туку ќе биде резерва во случај некој да се повреди или да не може да настапи на турнирот од други причини. Покрај поранешниот „вардарец“, статус на резерви имаат и Шего, Ивиќ, Лучин и Мариќ.

Хорват му дава шанса на ракометарот на Вардар, Анте Гаџа на централната бековска позиција, кој ќе се бори за минутажа со Домагој Дувњак и Лука Циндриќ.

СПИСОК ХРВАТСКА

Голмани: Пешиќ, Шуњиќ, Мандиќ

Леви крила: Мандиќ, Михиќ

Денси крила: Чупиќ, Главаш

Пивоти: Шушња, Шипиќ, Граховац

Леви бекови: Јагањац, Срна, Мамиќ

Средни бекови: Дувњак, Циндриќ, Гаџа

Десни бекови: Мартиновиќ, Шебетиќ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.