На вечерашниот прв меч за Вардар во ракометната СЕХА лига навивачката група „Комити“ во салата „Јане Сандански“ испрати порака до сите Македонци.

Стани Македонче, потребна е акција, за даскалот кој ја обедини целата нација. 04.02.2023 – сите!, пишуваше на паролата.

(фото: Спортманија)

Во сабота се одбележува денот на раѓањето на Гоце Делчев, а најавено е дека на неговиот гроб во црквата Свети Спас ќе допатуваат голем број на Бугари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.