Ракометарите на Вардар со многу мака дојдоа до првата победа во Сеха лигата. Совладан е Партизан, но потешко од очекувањата (31-26). Сепак, можеби треба да се навикнуваме дека ова не е оној стар Вардар што мелеше во регионалната и во Лигата на шампиони.

Целиот меч се играше гол за гол, во неколку наврати гостите и изедначија, но голманот Томовски со неколку интервенции ја чуваше предноста.

Она што е за поздравување е што публиката се врати во „Јане Сандански“ ѝ е желна за врвен ракомет.

Следниот меч Вардар го игра повторно на домашен терен против Татран на 10 февруари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.