Во скопската сала „Јане Сандански“ попладнево се случи голем инцидент на вечното ракометно дерби меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, меѓу навивачките групи.
Штом „чкембари“ влегоа во салата, почна инцидентот. Почнаа да фрлаат со столчиња и запалија факели.
Вардар имаше голема поддршка од трибините. „Комитите“ ја исполнија салата, а на спротивната страна стационирани беа „чкембарите“.
Во еден момент се случи и инцидент меѓу двете навивачки групи кога дојдоа во близок контакт, по неколку провокации, а полициските службеници со потешкотии реагираа и спречија инцидентот да ескалира, иако заштитната ограда меѓу трибините беше скоро срушена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.