Кирил Лазаров го одложи пензионирањето по пласманот на Македонија на Светското првенство и засега се уште е активен ракометар, а со таков статус ја раситни и 43-та година од својот живот.

Легендарниот Кире денеска полни 42 години и неговата долговечност во професионалниот ракомет е најдобар доказ за тоа каква кариера имаше, па како лидер и капитен на нашата репрезентација, се погрижи најдобриот тим да биде дел од уште едно големо натпреварување.

Засега се уште непознато е дали Лазаров ќе реши да настапи и на мундијалот кој се игра на почетокот на наредната година, но луѓето од ЕХФ дефинитивно посакуваат да го гледаат Кире уште долго на терените.

Европската Федерација му посвети роденденска порака на македонскиот селектор, порачувајќи му никогаш да не стави крај на кариерата.

– Денеска има 42 години, посакуваме времето да не лета и засекогаш да те гледаме на теренот! Среќен роденден Киро!, – гласи пораката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.