Ракометната федерација на Словенија (РЗС) ја раскина соработката со селекторот Љубомир Врањеш по неуспехот на националниот тим да ја мине групната фаза на Европското првенство (ЕП).
Триумфот над македонските ракометари во воведното коло беше единствената победа на составот предводен од Врањеш, по што последователните порази од Данска и Црна Гора означија крај на настапот на Словенците на ЕП.
Свесни сме дека разочарувањето е големо, но и победите и поразите се составен дел од спорот. Ракометната федерација на Словенија детално ќе го анализира настапот на Европското првенство и ќе се обиде да ја открие причината за еден од најскромните настапи на нашиот национален тим на големите натпреварувања – соопштиja од РЗС.
Наследникот на Швеѓанецот Врањеш на словенечката клупа се очекува да биде познат во следните неколку недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.