Репрезентацијата на Црна Гора го направи едно од најголемото изненадувања на Европското ракометно првенство. Попладнево во Будимпешта, Црногорците забележаа триумф над фаворизираните Хрвати со 32:26.

Ова е трета победа за Црна гора на ЕП и прва во Главната рунда. Претходно во прелиминарната фаза беа совладани Словенија и Македонија.

Од Групата-1 до крајот на денот ќе се сретнат: Франција – Холандија и Данска – Исланд.

Во Групата-2, Шведска ја победи Русија со 29:23. Денес уште играат: Германија – Шпанија и Полска – Норвешка



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.