Репрезентациите на Шведска и на Данска ќе играат во полуфиналето на Светското ракометно првенство за жени. Ова е епилогот по вечерашните полуфинални средби на Мундијалот во Данска, Норвешка и Шведска.

Во првото денешно полуфинале во Хернинг, Шведска ја победи Германија со 27:20. Победникот беше решен уште по првите 30 минути кои Швеѓанките ги добија со 16:6. Во второто полувреме Германија успеа само да го ублажи поразот.

Во второто полуфинале играно исто така во Хернинг, домашната репрезентација на Данска беше поуспешна од Црна Гора со 26:24.

Во полуфиналето ќе се соочат:

Шведска – Франција

Данска – Норвешка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.