Хрватска и Србија го одиграа дербито на досегашниот тек на Европското ракометно првенство.
Хрватите славеа со 23:20 во натпревар со одлична динамика и страствена борба на теренот, но ова балканско дерби беше одбележано по однесувањето на навивачите на двете селекции пред натпреварот.
Во Сегедин допатуваа голем број и српски и хрватски навивачи, кои, за разлика од порано кога често беа дел од различни инциденти, овојпат имаа сосема пријателска средба.
Тие беа заедно по улиците и плоштадите, се дружеа и заеднички се фотографираа со своите знамиња и навивачки шалови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.