Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ги отфрли обвинувањата за „етничка дискриминација“ кои ден претходно ги изнесе претседателот на Русија, Владимир Путин, поради ограничувањата поврзани со настап на руските спортисти на Олимписките игри 2024 во Париз.
Одлучно ги отфрламе обвинувањата дека овие мерки претставуваат етничка дискриминација. Строгите услови кои МОК ги дефинираше во своите препораки до меѓународните федерации за учество на поедини неутрални спортисти со руски или белоруски пасош на меѓународните натпреварувања се во согласност со Олимписката повелба“, соопшти попладнево МОК.
Путин во четвртокот, во обраќање на конференцијата насловена „Русија – спортска сила“ во градот Перм, го обвини МОК дека ги користи Олимписките игри како алатка за политика и расизам.
Благодарение на некои челници на МОК дознавме дека самите Игри можат да бидат искористени како инструмент за политички притисок против луѓе кои немаат никакви врски со политиката и де факто како инструмент за етнички расна дискриминација“, рече Путин.
МОК сè уште нема донесено одлука за настап на Русија и Белорусија на Игрите, чиј домаќин идната година ќе биде Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.