Возачот на Ферари, Шарл Леклер, беше најбрз на квалификациите за трката во Формула 1 за Големата награда на САД. Тој до пол-позицијата стигна со извозен најбрз круг со време 1 минута 34,723 секунди.

Веднаш до Леклер ќе биде Ландо Норис од Мекларен, а првата тројка ја затвора Луис Хамилтон од Мерцедес.

Актуелниот шампион, Макс Верстапен од Ред Бул, го покажа најдобриот резултат на овие квалификации, но неговото време беше поништено бидејќи тој направи прекршок во свиокот 19. Така Холанѓанецот ќе стартува од 6. позиција.

Главната трка за Големата награда на САД ќе се вози утре со почеток во 21 часот по македонско време.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.