Победничката на Вилмблдон, чешката тенисерка, Маркета Вондроушова, вели дека не верувала дека ќе успее да го освои трофејот на престижниот турнир, со оглед на повредата што ја имаше мината сезона.

Вондрушова имаше операцијата на левата рака која и беше во гипс пред една година.

Пред точно една година имав гипс на целата рака. Не верував дека можам да играм овде на врвно ниво. За мене беше невозможна мисија да се освои трофејот. Не знаев дали можам повторно да играм како пред операцијата. На крајот на краиштата, претходно не сум имала добри мечеви на трева. Од четирите Грен-слема, освојувањето на овој е најневозможната опција за мене. Не ни помислував на тоа. Дојдов овде мислејќи дека треба да се обидам да победам неколку натпревари. И тогаш ова се случува. Лудило, изјави Вондрушова.

Таа во финалето на Вимблдон ја победи Онс Жабер од Тунис со 6:4 и 6:4 .

Денеска се игра финалето во машка конкуренција. Во него ќе се соочат Карлос Алкараз од Шпанија и Новак Ѓоковиќ од Србија. Натпреварот почнува во 15 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.