Холанѓанецот Дилано ван Хоф (18) загина денеска на патеката Спа-Франкошамп во Белгија во рамките на „Регионалното европско првенство во Формула“ по страотната несреќа, а сега на интернет се појави видео за кое корисниците и авторот тврдат е снимка од трагедијата.

Вознемирувачкото видео го прикажува моментот на несреќата, која ја предизвикаа лошите услови на патеката. Младиот возач изгубил контрола над возилото, а на него налетал друг возач и целосно го уништил возилото. За жал Дилано починал на лице место.

За жал, објавуваме дека возачот Дилано ван Хоф почина. Инцидентот се случи на втората трка во Спа-Франкошамп. Сакаме да упатиме сочувство до семејството, тимот и пријателите. Белгиската авто-мото федерација, Спа-Франкошамп и Алпина изразуваат сочувство, се вели во соопштението на организаторите.

Многумина му предвидуваа голема и блескава кариера на ова момче со оглед на тоа дека за многу кратко време направи големи работи, а нема сомнеж дека и во иднина би оставил огромен белег во овој спорт.

По повод трагичниот настан се огласи и Стефано Доменикали, еден од главните луѓе во Ф1.

Многу сме тажни што дознавме дека Дилано вант Хоф почина денеска во Спа-Франкошамп. Дилано умре во остварување на својот сон да го достигне врвот на мотоспортот. Заедно со целата мотоспорт заедница, нашите мисли се со неговото семејство и најблиските – изјави Стефано.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.