Македонската Традиционална Таеквондо Федерација (ИТФ), под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски и националниот селектор Саша Поповски, учествуваше со тројца натпреварувачи од Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, Таеквон-до клубот „Мастер” Охрид и Таеквон-до клубот „Сонкал” Мислешево-Струга. Христијана Парулеска поради повреда од која сеуште закрепнува, настапи како тренер поради нејзиното искуство.

За жал поради повреди, настинки и школски обврски отидовме во мал број, а ова ни е прв пат да одиме на натпревар во Грција, иако нашите натпреварувачи истрошени, претходно учествувајќи на три силни натпревари, дадоа се од себе и не израдуваа со златен медал и пехар за најдбора јуниорка 16-17 години. Херој на овај натпревар излезе Теодора Митреска од охридскиот клуб „Мастер“ освојувајќи златен медал и пехар за најдорба јуниорка 16-17 години. Горди сме што имаме вакви натпреварувачи што даваат се од себе и не радуваат со успеси од врвни натпревари, изјави претседателот на М.Т.Т.Ф. Марјанчо Лазаревски за Охридњуз.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.