Мерките за сузбивање на ширењето на Ковид-19 во Кина се причина за откажување на Формула 1 трката во Шангај во 2023 година.
Организаторите на престижното автомобилистичко првенство се надеваа дека за прв пат од 2019 година караванот ќе може да се врати во Кина, но сега на календарот повторно има „само“ 23 трки.
Во Кина се уште е на сила „нултата политика кон Ковид“, што значи строги „заклучувања“, а настаните како оној што би се одржал на „Меѓународната патека во Шангај“ се строго забранети.
Во моментов има четиринеделна пауза во календарот на Ф1, во перидоот од почетокот до крајот на април и не се знае дали ќе се вметне уште една трка помеѓу ГП на Австралија и ГП на Азербејџан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.