Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, неговата сопруга Корина и нивните две деца Џина и Мик, ќе се преселат на Мајорка. Како што ексклузивно открива германскиот магазин „Die Bunte“, Шумахерови купиле имот од повеќе од 54.000 квадратни метри, лоцирана во Пуерто де Андракс на Мајорка, за цена од 2,8 милиони евра.

Како што пишува магазинот, ова парче земја се карактеризира со прекрасен поглед и неговата близина до морето. Исто така, овој простор е дизајниран за грижа за животни, една од страстите на нивната ќерка, а според извор на магазинот, тоа ќе биде дом на семејството за следната зимска сезона.

Ова не е прв пат семејството Шумахер да земе вила со слични карактеристики, бидејќи во 2018 година, Корина изврши купување на имот во Лас Бризас де Андракс, чиј сопственик беше Флорентино Перез, кој ја стави на продажба, по смртта на неговата сопруга. Овој луксузен комплекс може да се пофали со простор од 15.000 квадратни метри со неверојатен поглед на брегот, како и секакви услуги и удобности.

Михаел Шумахер (53) доживеа трагична несреќа додека скијаше на француските Алпи на крајот на 2013 година. Ударот на неговата глава во камен во зимскиот центар предизвика повреда мозокот, која го спречува да води нормален живот се до денес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.