Чешката тенисерка Маркета Вондрушова триумфираше на годинешното издание на грен-слем турнирот во Вимблдон, совладувајќи ја во финалето Тунижанката Онс Жабер со 6-4, 6-4.

За 24-годишната Вондрушова ова е прва грен-слем титула во кариерата.

Претходно, Чехинката играше едно грен-слем финале, пред четири години на Ролан Гарос во Париз.

Жабер, пак, го загуби своето второ финале во серија во Вимблдон, а и трет пат остана на чекор до својата премиерна грен-слем титула.

Тунижанката претрпе два порази во финалињата на Вимблдон, а беше поразена и во финалето на Ју Ес Опен 2022.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.