Поранешниот австралиски премиер Скот Морисон денеска изјави дека тајно раководел со пет клучни министерства за време на пандемијата на коронавирусот, бидејќи верувал дека одговорноста за нацијата е само негова.

Морисон, кој се повлече од лидерската функција во Либералната партија по поразот на општите избори во мај, пред медиумите одговараше на прашања во врска со критиките што на негова адреса ја упатуваа лабуристите, но и негови сопартијци, за неумерено практикување извршни функции без преседан.

„Управував со бродот среде бура“, им рече Морисон на новинарите, потсетувајќи на 2020 година и пандемијата на коронавирусот. „Како премиер, само јас можев вистински да ја разберам тежината на одговорноста и да го понесам товарот врз свои рамења“, рече тој.

Морисон изјави дека тој не ги „презел” министерствата и не се мешал во работата на ниту еден од министрите, освен во еден случај кога одбил проект за гасовод.

AUSTRALIA POLITICS

Актуелниот премиер Ентони Албанесе рече дека Морисон го нападнал Вестминстерскиот систем на владеење со тоа што тајно се назначил себеси за шеф на пет ресори во 2020-2021 година, вклучувајќи ги внатрешните работи, трезорот, здравството, финансиите и ресурсите.

Тројца од министрите рекоа дека воопшто и не знаеле дека Морисон е „колегата“ што раководи со нивните министерства, се додека тоа не беше обелоденето оваа седмица.

Toj e познат како политичарот кој не го пушти Ѓоковиќ да настапува на Австралија Опен поради тоа што не беше вакциниран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.