Управниот одбор на Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) одлучи да ја прекине забраната за натпреварување на боксерите од Русија и Белорусија.

Организацијата смета дека треба да остане политички неутрална и независна, а исто така повика на мирно решавање на конфликтите.

ИБА цврсто верува дека политиката не треба да има никакво влијание врз спортот. Затоа, на сите спортисти треба да им се дадат еднакви услови – се вели во соопштението на Здружението.

Во март, Меѓународната боксерска асоцијација ги суспендираше Русите од учество на меѓународни натпревари поради ситуацијата во Украина.

Според одлуката, под знамињата на своите држави ќе можат да настапат и руската и белоруската селекција, а во случај да освојат златен медал ќе се свират и националните химни.

Во натпреварувањата ќе се вратат и техничките функционери на Русија и Белорусија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.