Светската таеквондо федерација му го одзеде почесниот црн појас на рускиот претседател Владимир Путин поради нападот на Украина.
Повикувајќи се на своето мото „Мирот е подрагоцен од победата“, Светската теквондо федерација со седиште во Сеул ја осуди руската воена акција во Украина, велејќи дека бруталните напади на невини животи ги прекршуваат вредностите на почит и толеранција што ги негува овој спорт.
Во ноември 2013 година, претседателот на Светската таеквондо федерација, Чу Чунг-вон на Путин му врачи почесен црн појас деветти дан.
Претходно Светската џудо федерација го суспендираше Владимир Путин од улогата на почесен претседател и амбасадор на тој спорт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.