Рускиот тенисер Данил Медведев е нов лидер на светската ранг-листа.

Здружението на тениски професионалци (АТП) денес го објави најновиот поредок на најдобрите на кој по рекордни 361 недела првото место го загуби Србинот Новак Ѓоковиќ.

Новиот прв светски рекет има 8.615 бодови, додека Ѓоковиќ 8.465 бода.

Во ТОП 10 тенисери на светот уште се: Александар Зверев (7.515 бодови), Рафаел Надал (6.515), Стефанос Циципас (6.445), Андреј Рублев (5.000), Матео Беретини (4.928), Каспер Руд (3.915), Феликс Оже-Алиасим (3.883) и Хуберт Нуркач (3.496

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.