Марија Шарапова, победничка на пет тениски Грен-Слем титули, со своите повеќе од 4,5 милиони следбеници на Инстаграм го сподели својот нов имиџ на 36-годишна возраст.

Кога вашиот фото албум има некои нови фотографии кои не се од вашиот син“, напиша руската тенисерка како опис на фотографиите, спомнувајќи го синот Теодор, кој се роди во јули 2022 година.

На фотографиите, Русинката родена во 1987 година, позира со црн градник под долга темносина јакна со соодветно здолниште и високи кожени чизми.

Сепак, тоа што привлече најмногу внимание кај фановите е нејзината нова боја на коса, која има кафеаската нијанса, што е забележителна разлика за карактеристичната русокоса која ги освојуваше тениските терени до 2020 година (година на нејзиното пензионирање).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.