Шампионот на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, кој во неделата го подигна својот 7-ми пехар за време на интервјуто за Тенискиот канал откри дека испил едно пиво по титулата.

Во текот на разговорот, каде што беше присутна и легендарната Мартина Навратилова, Новак призна дека тренерот Горан Иванишевиќ го принудил на тоа.

– Сè уште го чекам мојот оброк по финалето. Не пијам алкохол, немам пиво со години, но сега ме наговори тренерот Горан. Не уживав многу – рекол Ѓоковиќ, на што Навратилова му рекла да проба чешко пиво, бидејќи тие се најдобри на светот.

– Веројатно повеќе би уживал во чешкото – се насмеа Новак.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.