Шестиот тенисер во светот, Русинот Андреј Рубљов денеска призна дека позитивен успеал да влезе на турнирот Австралија Опен, за разлика од неговиот колега првакот Новак Ѓоковиќ кој мораше да ја напушти земјата. Според Рубљов на турнирот ретко ги тестираат играчите, а тој сега не би се тестирал со ПРЦ тест иако можеби е уште позитивен, јавува Б92.

Лично сега не се тестирам затоа што штотуку го преболев корона вирусот. Кога летав за Австралија бев уште позитивен, но нивото на „ковид СС“, како што тоа стручно го нарекуваат, нема да лажам, беше многу ниско и не беше опасно. Ми беше дозволено да влезам во земјата. Покрај тоа, поминав повеќе од десет дена во карантин – рече Рубљов по мечот со Рикардас Беранкис и додаде:

Повеќе не сум заразен и опасен. Бидејќи бев болен, повеќе не правам ПЦР-тестирање.

Во меѓувреме сагата за „случајот Ѓоковиќ“ не стивнува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.