Новак Ѓоковиќ петта година по ред стигна до финалето во машка конкуренција на Вимблдон со доминантна победа против Јаник Синер. Вториот носител на турнирот, победи со 6-3 6-4 7-6 (7-4) против Италијанецот, кој беше осми носител. Со овој триумф, српскиот тенисер е на само една победа до изедначување на рекордот од осум титули на Вимблдон, во машка конкуренција.

36-годишниот Ѓоковиќ би можел да го изедначи и апсолутниот рекорд со 24 освоени Гренд слем титули, што го држи австралиската тенисерка Маргарет Корт.

За Ѓоковиќ ова ќе биде деветто финале на Вимблдон, турнир каде што нема загубено натпревар, што не бил прекинат поради некоја причина. Најдобриот тенисер на на светот ќе го има и својот
35-ти настап во финалето на некој Грен слем турнир, откако го надмина резултатот што претходно го делеше со Американецот Крис Еверт.

Во борбата за титулата, противник на Ѓоковиќ ќе биде првиот носител, Шпанецот Карлос Алкараз, кој го победи Даниил Медведев со 6:3 6:3 6:3. Ова за шпанскиот тенисер ќе биде прво финале на најпрестижниот тениски турнир во светот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.