Меѓународниот велосипедистички сојуз (УЦИ) соопшти дека воведува забрана за учество на трансродови натпреварувачи кои по завршување на пубертетот го смениле полот.

Одлуката доаѓа откако 27-годишната Американка, Остин Килипс, минатиот месец стана првата трансродова жена која победи на официјално велосипедско натпреварување.

Отсега на трансродовите спортистки кои го смениле полот по (машкиот) пубертетот ќе им биде забрането учество на натпреварувањата во женска конкуренција кои се во календарот на УЦИ“, се наведува во соопштението.

Претходно ваква забрана усвоија светските федерации во пливање и атлетика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.