Дваесет и едногодишното трансродово лице, Емили Бриџис, нема да може да учествува на турнирот во женското првенство во велосипедизам во Омниум и Медисон на Велика Британија, што ќе се одржи од 1 до 2 април во Дерби.

Натпреварот требаше да биде прв во женски спорт за поранешниот машки јуниорски светски рекордер.

Сепак, апликацијата на Бриџис беше блокирана од страна на Меѓународната велосипедска унија (УЦИ), бидејќи 12-месечниот период на тестирање на тестостерон на Емили сè уште не е завршен и „таа“ сè уште е заведена како маж во базата на податоци на „УЦИ ИД“.

Бриџис победи во машката трка за поени на британскиот универзитетски шампионат во Глазгов минатиот месец и изјави дека тоа е „нејзиниот“ последен машки старт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.