Рафаел Надал, кој е бранител на трофејот на првиот грен слем турнир, Австралија Опен, не прв фаворит пред почетокмна турнирот.
Шпанскиот тенисер, изјави дека се согласува со таквото рангирање и го издвои името на Новак Ѓоковиќ, како најголем фаворит за титулата на турнирот во Мелбурн.
Се чини дека Ѓоковиќ е добро подготвен. Имаше одлични резултати на крајот од годината и ја почна сезоната со победи. Овој турнир отсекогаш бил добар за него. Ако зборуваме за фаворити, тогаш нема дилема кој е фаворит. Но, титулите не се освојуваат во саботата пред турнирот. Мора да работите две недели. Тој тоа многу добро го знае. Ако победи ќе му честитам, ќе направи нешто историско. Мојот живот нема да се промени поради тоа, изјави Надал.
Тој за ривал во првата рунда го има незгодниот британски тенисер, Џек Дрејпер.
Веројатно една од најтешките први рунди. Тој е млад, силен, брзо расте во играта и многу брзо напредува на АТП листата. Игра добро. Голем предизвик за мене да го почнам турнирот. Но, ќе видиме, тука сум да си дадам шанса и знам дека се уште можам да играм добро. Доволно сум скромен да ја прифатам ситуацијата и само да работам со она што го имам, затоа што морам повторно да изградам моментум со победи, вели Надал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.