Српската премиерка Ана Брнабиќ се слушнала со министерката за надворешни работи на Австралија за ситуацијата во која се наоѓа српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Брнабиќ утрово за ТВ Пинк рекла дека разговорот бил конструктивен и дека Србија прави сè за да му ги олесни овие денови на нејзиниот првак.

До финалната одлука останува во хотелот „Парк“. Она што успеавме е да му обезбедиме испорачување на храна без глутен, да добие справи за вежбање, му дадоа и лап-топ и сим картица за да биде во контакт со семејството. Позитивен е тонот од австралиска страна. Владата на Србија е подготвена да ги даде сите гаранции за Новак, во овие напори е вклучен и претседателот Вучиќ, откри таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.