Во напад со нож трагично загинал Стефан Савиќ (23), репрезентативец на Србија во ММА и освојувач на бронзен медал на Светското првенство.
Нешто по полноќ, на аголот од улиците Добрачина и Дунавска во Белград, Савиќ бил пронајден со убодна рана во пределот на градниот кош. Итно бил пренесен во Ургентниот центар, но од здобиените повреди починал.
Савиќ беше познат по својата успешна спортска кариера, особено по освојувањето на бронзениот медал на Светското првенство во ММА. Неговата посветеност и умешност во боречките вештини му донесоа голема популарност во спортските кругови, а неговиот придонес во српскиот спорт останува неизбришлив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.