Oхридскиот пливајчки гениј Марко Пејчиноски утре ќе плива 18 километри на релација Заум-Охрид.

Овој викенд, недела, 07.08.2022, осмо препливување на релација Заум – Охрид (18км). Се гледаме на целта, порача Марко на својот фејбук профил.

Пред само една недела Марко ја исполни седмата мисија на Охридското Езеро ова лето препливувајќи ја дистанцата Радожда – Трпејца – Градише за 6 часа 52 минути 15 секунди.

До крајот на летото Марко ќе преплива вклучително со утрешната уште три релации на Охридското Езеро, вкупно 10 од поставениот предизвик, во должина од 250 километри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.