Македонската машка одбојкарска репрезентација попладнево во Будимпешта загуби од Финска со 3-1 во првиот натпревар од полуфиналето на Европската сребрена лига.

Финците го добија првиот сет со 25-22, Македонците возвратија во вториот со 25-20. Следуваше пад во играта на „црвено-жолтите“ и убедливи 25-18 и 25-16 за нордиските одбојкари за конечна победа и пласман во финалето.

Во второто полуфинале вечерва од 19 часот играат домаќинот на завршниот турнир Унгарија и Романија.

Победникот утре ќе се бори за трофејот, додека поразениот ќе игра со македонската селекција во мечот за третото место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.