„Интересно е како европратеникот Џамбаски, се јавува да коментира за нашата антифашистичка парола истакната во Битола, која на никој начин не треба да ја тангира Бугарија, а уште помалку самиот Ангел“, се огласија од навивачката група „Комити“, откако беа прозвани од бугарскиот европратеник.

Навивачите додаваат дека Македонија има потполно право, но и историска обврска, да се повикува на своето антифашистичко минато.

-Па така, да, точно е, уништени се не само “Радко” туку и уште многу такви како него колаборанти на Хитлер, Мусолини, Павелиќ. За ликот и делото на “Радко”, нема што да се говори, иако има историски моменти кои укажуваат дека имал и Македонски идеали, сепак со своите непромислености е сместен на темната страна на Македонската историја. Смрт за фашизмот – Слобода на народот, објаснуваат „Комитите“.

Бугарскиот европратеник ја оцени како „гнасна навреда“ пораката од транспарентот на навивачката група „Комити“ истакнат на ракометното дерби Еурофарм Пелистер – Вардар во Битола.

„Гнасен потсмев од едни измиени мозоци! Македонистите одново го покажаа лицето на омразата спрема Бугарите во Македонија. ‘Комитите’ го уништиле ‘Радко’?!“, објави Џамбаски меѓу другото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.