Ставре Јада вторпат, по настапот во Пјонгчанг во 2018 година, и Ана Цветановска првпат ќе ја претставуваат Македонија на Зимските олимписки игри (ЗОИ) што ќе се одржат во Пекинг (Кина), од 4 до 20 февруари.
Јада кој има олимписка А-норма според најавите треба да настапи во спринтот на 1,5 км и во маратонот на 50 километри.
Олимпијада е сонот на секој спортист, но патот до таму е еден од најтешките, да се совладаат сите препреки,сите критикувања, да се заборави ноќниот живот, да се стани секое утро во 7 часот, да се направат 2 тренинзи во денот од околу 40-60км, да се биде дома и со најблиските 60дена од вкупно 365 во годината, професионалниот спорт бара жртва или СИ или НЕ.
Втора олимпијада за мене, целта е една подобро претставување од претходната олимпијада во 2018год, напиша Јада на Фејсбук.
Ана Цветановска која исто така е член на клубот „Скии-Рис“ од Скопје за првпат ќе учествува на ЗОИ.
Цветановска која исто така обезбеди олимписка А-норма, ќе учествува на трката на 10 км класично и во скијатлон 7,5 км во класичен и 7,5 км во слободен стил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.