Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски имаше многу добар настап на Медитеранските игри (МИ) во Оран, каде што го освои осмото место на трката на 5.000 метри.

Ивановски со време 13:54.58 стигна до осмата позиција во конкуренција на 14 учесници на трката, а притоа постави нов македонски рекорд, додека прв заврши Софијан Букантар со време 13:36.12.

Македонскиот атлетичар го подобри времето за две секунди, па така новиот рекорд изнесува 13:54.58.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.