За малку е избегнат посериозен инцидент пред почетокот на натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Де Минор на Австралија опен. До гужвата дојде кога припадник на обезбедувањето се обиде да забрани внесување на српското знаме на трибините.

Следуваше голема дискусија, при што беа изнесени и навреди, а состојбата се смири дури по интервенција на друг припадник на обезбедувањето, кој потврди дека знамето на Србија може да биде внесено на стадионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.