Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ стана чичко. Сопругата на неговиот брат Ѓорѓе Ѓоковиќ, поранешната водителка Сашка Веселинов се породи и на свет донесе момче на кое родителите одлучија да му дадат име Александар.

Затоа беше организирана голема прослава на која меѓу најрасположените беа Новак и Марко. Прославата се одржува во Рума во викендица, а на социјалните мрежи се појавија видеа.

Марко и Новак Ѓоковиќ пееја и го носеа Ѓорѓе на грб, а во позадина свиреше песната „Мали Господин“ од Нада Точагиќ.

Не можеше да помине без да се искине маицата, а имаше и огномет за наследникот.

Ѓорѓе и Сашка се венчаа кон средината на септември во минатата година и направија луксузни веселби, најпрво во Белград, а потоа и на плажа во Црна Гора.

За Сашка и Ѓорѓе ова е прво дете, додека Новак има две со сопругата Јелена.

Новак моментално е во Србија каде се подготвува за следните предизвици оваа сезона, бидејќи наскоро ќе започне серија турнири на земјена подлога, а негова главна цел е Ролан Гарос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.