Новак Ѓоковиќ по десет години загуби финале на Вимблдон. Во 2013 година честа да го победи најуспешниот во историјата ја имаше Енди Мареј, а денес подобар од српскиот ас беше Карлос Алкараз, кој го забележа најголемиот успех во кариерата.
По големото финале во Лондон, Ѓоковиќ спортски го призна поразот и му ја честиташе победата на противникот.
„Ќе бидам горд утре наутро, денес, не. Тешко е да се проголта сè кога си блиску. Повторно, тоа се оние моменти за кои работите секој ден, благословен сум со толку многу големи натпревари во мојата кариера. Ова е уште еден во историјата, но загубив од подобар играч и морам да му честитам. Мислев дека ќе имам проблеми само на земја и тврда подлога, но не и на трева. Карлос, ти честитам за одличната адаптација на оваа подлога. Заслужено победи“, рече Ѓоковиќ, а потоа заплака кога зборуваше за својата фамилија и синот Стефан: „Мило ми е што мојот син е се уште тука, што се уште се смешка. Те сакам, ти благодарам што ме поддржуваш, ќе те гушнам и ќе продолжиме да се сакаме“.
За српскиот спортски великан ова беше прво загубено Грен слем финале во 2023, откако претходно славеше на Австралија Опен и Ролан Гарсо.
Извор: Гол.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.