Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, ќе го пропушти Мастерсот во Мадрид (Шпанија), соопшти прес-службата на турнирот.

Причините за откажувањето на тенисерот не се прецизирани. Во главната ждрепка Ѓоковиќ ќе биде заменет со Американецот Мајкл Мо.

Ѓоковиќ претходно неочекувано загуби од сонародникот Душан Лајовиќ во четвртфиналето на АТП турнирот „Српска Опен“ во Бања Лука (Босна и Херцеговина) со резултат 4:6, 6:7 (6:8).

Турнирот во Мадрид ќе се одржи од 26 април до 7 мај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.