Првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ со пораз во четвртфиналето го заврши учеството на АТП турнирот во Дубаи.

Ѓоковиќ загуби од 123-тиот на АТП листата, Јиржи Весели од Чешка. Резултатот беше 2:0 во сетови (6:4, 7:6).

Поразот во четвртфиналето на турнирот во Дубаи значи дека Ѓоковиќ ќе го загуби првото место на АТП листата.

Од понеделник на таа позиција ќе биде русинот Данил Медведев. Српскиот тенисер мина на врвот на АТП листата рекордни 361 недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.