Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски не успеа да обезбеди норма за учество на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз 2024.

Георгиевски загуби во четвртфиналето на квалификациите во Софија, Бугарија.

Во денешната четвртфинална борба Георгиевски беше поразен од Белорусинот Плонес.

Така, Георгиевски нема да има можност да го брани сребрениот медал освоен на ЛОИ во Токио пред три години.

На квалификациите во Софија утре ќе настапи македонската таеквондиста Милијана Релјиќ. Борбите почнуваат од 10 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.