Французинката Ализ Корне ја коментираше судската одлука за укинување на визата на Новак Ѓоковиќ, по што српскиот тенисе ќе мора да ја напушти Австралија и нема да има можност да ја брани титулата на Австралија опен.
Знам премалку за да судам за ситуацијата. Но, можам со сигурност да кажам дека Новак е секогаш прв кој се залага за тенисерите. Сега покажавме дека никој од нас не застана во негова одбрана. Држи се Новак – напиша Корне на Твитер.
Брзо потоа, француската тенисерка испрати порака до оние кои ја злоупотребуваа секоја порака со поддршка за Ѓоковиќ.
И не ме нарекувајте антиваксер, ве молам! Ви благодарам – порача Корне.
Федералниот суд на Австралија утрово одлучи да му ја укине визата на светскиот рекет број еден со што тој мора да ја напушти Австралија и нема да може да игра на Грен слемот во Мелбурн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.