Д-р Игор Четојевиќ е познат како одличен нутриционист и специјалист за велнес, а денес е цитиран во бројни текстови, меѓу кои и книгата на Новак Ѓоковиќ „Сервис за победа“.

Го познаваат како човек кој на светскиот шампион во тенис Новак Ѓоковиќ, му помогнал да ги премине ограничувањата предизвикани од глутен.

Четојевиќ работи и живее во Кипар, каде започнал да зборува во тамошните медиуми за ситуацијата со Новак.

Новак не е антиваксер, како што тврдат во вестите. Ѓоковиќ се залага за слобода на избор и затоа е опасен за тие „глувци“ од владата. Тој одлично ја гледа пошироката слика, многу јасно.

Само бараа изговор за сите свои грешки. Новак доби виза, имаше статус на медицинско изземање, а играта на политичарите беше да го искористат славниот спортист познат по оригиналните ставови како алиби за своите неуспеси.

Ѓоковиќ наводно пристигнал во Австралија да го шири вирусот, а кој е тогаш виновен за двете години неуспешна борба со вирусот? Ѓоковиќ знае дека постои можност да го оштети и своето здравје, а со тоа и неговата кариера би била во опасност доколку се вакцинираше. Сè повеќе вакцинирани луѓе имаат проблеми, редовно ги гледам во мојата ординација.

Слободата на избор. Никој нема право да ви ја земе од рака. За тоа се залага Ѓоковиќ, објаснил докторот кој смета дека Новак им пречи на некои од политичките кругови.

А, на прашањето каква трага австралиската голгота ќе остави на тенисерот, Четојевиќ одговара:

Еднаш му подарив книга во која се четирите препораки за живот. Мислам дека сега би можел да искористи еден – не сфаќај ништо лично.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.