Пограничните служби на Австралија ја укинале визата за чешката тенисерка, Рената Ворачова. По таквата одлука, таа ќе мора да ја мине процедурата низ којашто минува и српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ и ќе биде сместена во хотел за мигранти.

Оваа одлука доаѓа иако на Ворачова веќе и беше дозволено да влезе во земјата, а таа веќе играше и на подготвителен турнир во Мелбурн

Првично нема информација дали Чешхињата ќе вложи жалба на одлуката на австралиските власти, како што направи Ѓоковиќ, ниту дали таа ќе биде депортирана.

Како што објави „АБЦ“, Ворачова во Австралија пристигнала со истата потврда за медицински исклучок како и Ѓоковиќ, односно го добила исклучокот врз основа на тоа што минатиот месец го прежала корона вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.