Новак Ѓоковиќ и официјално е поставен за прв носител на Австралија Опен кој започнува на 17 јануари во Мелбурн. Организаторот денеска го објави костурот на 32. носители во машка и женска конкуренција, а ждрепката за првиот годинешен гран слен турнире ќе се одржи в четврток на 13 јануари.

Покрај Ѓоковиќ топ 10 носители се Данил Медведев, Александер Зверев, Стефанос Циципас, Андреј Рубљов, Рафаел Надал, Матео Беретини, Каспер Руд, Феликс Оже-Алиасим и Хуберт Хуркач.

Кај дамите, за прва носителка е поставена Австралијанката Ешли Барти, по неа топ 10 носителки се Арина Сабаленка, Гарбине Мугуруза, Барбора Крејчикова, Марија Сакари, Анет Контавеит, Ига Швојнтек, Паула Бадоса, Онс Жабер и Анастасија Пављученкова. Интересно е што Наоми Осака е поставена за 13 носителка, додека Симона Халеп е 14.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.