И покрај многуте информации за Новак Ѓоковиќ, кои се појавуваат практично преку целиот ден, во Мелбурн друга личност успеа да дојде во центар на вниманието.

Во прашање е Бердард Томиќ, контраверзен и проблематичен тенисер од Австралија.

Овојпат дваесет и деветгодишникот во сред меч за квалификациите за Австралијан опен порача дека е убеден дека е заразен со корона вирус.

Томиќ изгуби од Роман Сафиулин со резултат 6:1, 6:4,  а после мечот се појави снимка од разговорот на судијата и тенисерот кој очигледно не се чувствувал добро.

Сигурно во следните два дена ќе бидам позитивен на тестирање за корона. Ви велам. Ќе ви платам вечера, ако не бидам позитивен, а ако бидам, вие мене – рекол Томиќ и продолжил со критики за организаторите.

Не можам да верувам дека никого не тестираат. Играчите на терен доаѓаат после брзи тестови во собите. Нема ПЦР тестирање- рекол Томиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.